29-годишен Шпанец го купи Дерби каунти

29-годишен Шпанец го купи Дерби каунти

пред 4 години

Фудбалскиот клуб Дерби каунти, кој од клупата го предводи легендарниот Вејн Руни, ќе добие нов сопственик. Досегашниот сопственик Мел Морис, кој клубот го купи во 2015 година, ќе му го продаде клубот на Шпанецот, Ерик Алонсо.

Алонсо има 29 години, во негова сопственост се наоѓа компанијата „Но Лимит спорт ЛТД“. За да стане зделката официјална, истата треба да биде одобрена од Фудбалската асоцијација.

Не се познати финансиските детали од договорот.

Дерби каунти се натпреваруваат во Чемпионшип. Во конкуренција на 24 екипи, Дерби каунти се наоѓаат на 18 ,есто со 43 бода.

Share
Scroll to Top