Алегри: Во кариерата сум одбил понуда само од Реал

Алегри: Во кариерата сум одбил понуда само од Реал

пред 4 години

Масимилијано Алегри две години е без работа. Ееен од најдобрите тренери на денешницата спогодбено се раздели со Јувентус пред почетокот на сезоната 2019/2020, но остана на платниот список на „старата дама“.

На местото на Алегри дојде Маурицио Сари, кој се задржа на клупата на Јувентус само една сезона.

Алеги кој успешно ја предводеше „старата дама“, не успеа само да ја освои Лигата на шампиони, рекол дека во кариерата одбил понуда само од Реал Мадрид.

„Пред три години имав понуда од Реал, но тогаш на Јувентус му ветив дека ќе останам. Значи Реал е единствениот клуб што сум го одбил“, рекол Алегри.

Јувентус оваа сезона го предводи Андреа Пирло и како стојат работите во неговиот мандат ќе заврши деветгодишната доминација на клубот во Серија А.

„Невозможно е да се одговори дали би се вратил во Јувентус, тука е Пирло и мислам дека добро му оди“.

„Не знам што му фали на Јувентус. Ќе играат финале во Купот на Италија, го освоија Суперкупот, се борат за првите четири места во Серија А, а Лигата на шампиони е лотарија“, заклучил Алегри.

Искусниот тренер во изминатиот период медиумите го поврзуваат со Рома.

Share
Scroll to Top