Алонсо повратничката сезона ќе ја вози со титаниумски плочки во вилицата

Алонсо повратничката сезона ќе ја вози со титаниумски плочки во вилицата

пред 4 години

Повратникот во Ф1, двократниот шампион Фернандо Алонсо ќе мора да оди на дополнителна операција по фрактурата на вилицата која ја доби кога беше удрен со автомобил додека возеше велосипед, и иако ќе се трка со титаниумска плочка во вилицата, не очекува да има никакви проблеми.

Возачот на Алпине Ф1 (досегашните Рено), ја доби повредата минатиот месец додека возеше велосипед во Лугано, Швајцарија и на стартот на зимското тестирање признава дека ќе мора да оди на нова операција по крајот на сезоната.

„Искрено, не очекувам да имам никакви проблеми. Тренирав две-три недели нормално и бев во симулаторот и немаше никакви проблеми. Пропуштив неколку дена за маркетинг и снимање, што од друга страна беше позитивно за мене! Професионално, нема да имам никакви проблеми, а лично, ќе мора да ги отстранам двете титаниумски плочки од горната вилица на крајот на сезоната“, вели Алонсо.

Алонсо ќе го започне тестирањето на А521 болидот на Алпине во Бахреин во сабота.

Share
Scroll to Top