Аталанта не го дава четвртото место – триумф кај Верона

Аталанта не го дава четвртото место – триумф кај Верона

пред 4 години

Аталанта се зацврсти на четвртото место во Серија А (кое води во Лигата на шампионите), откако со 2:0 славеше на гости кај Верона, кои пак имаат низа од три порази едноподруго.

„Ла деа“ работата ја заврши на крајот на првото полувреме, кога прво Малиновски во 33. минута од мечот беше прецизен од белата точка, за девет минути подоцна Дуван Запата да го постигне својот 10. гол во Серија А оваа сезона за потврда на победата.

Аталанта има 55 поени на четвртото место на табелата, исто колку и третопласираниот Јувентус (со два натпревари помалку) и пет пред Наполи на петтото место. Верона е деветта со 38 поени.

Share
Scroll to Top