Тренерот на Динамо Киев, Мирчеа Луческу, не верува дека Барселона има сè што е потребно за да ја освои титулата во Лигата на шампионите. Украинскиот клуб, вечерва, ќе гостува на „Ноу Камп“, во третото коло, во Г-групата.
„Барселона има талентирани фудбалери, им треба време за да влезат во системот. Мислам дека во овој момент тимот не е на потребното ниво, кое е потребно да се освои ЛШ. Баерн, Манчестер сити и ПСЖ имаат поголеми шанси“, рекол легендарниот Романец.
„Кога тренер ќе дојде во еден клуб потребни му се околу шест месеци за да ги спроведе своите замисли. Барселона на пролет ќе изгледа поинаку. Тие подобро играт во ЛШ него во Ла Лига“.
Мирчеа Луческу за пресметката на „Ноу Камп“ ќе има само 13 фудбалери, бидејќи девт играчи на Динамо се заразени со коронавирусот.