Поранешниот руски фудбалер, Роман Павличенко денес живее потполно променет живот.
Рускиот репрезентативец кој дресот на „Зборнаја“ го носеше од 2008 до 2012 година, а беше голема ѕвезда и во премиерлигашот Тотенхем, денес се соочува со бизарни проблеми. Добил тужба од 400 евра, поради неплатени сметки за струја и вода, објавија медиумите во Русија.
Иако во кариерата заработи милиони, сега е во проблеми со долгови од, за фудбалер од тој калибар, безначајна сума.
Моментно игра фудбал во третолигашки клуб во татковината, а по се изгледа – потрошил се што заработил во кариерата.