Бундес лига: Борба за титулата, место во ЛШ и за опстанок

Бундес лига: Борба за титулата, место во ЛШ и за опстанок

пред 2 години

Денес ќе биде спуштена завесата на една од највозбудливите сезони во германската Бундес лига. Во последното, 34. коло, ќе бидат одиграни голем број важни натпревари.

Најинтересно ќе биде во битката за врвот, каде Борусија Дортмунд има два бода предност пред Баерн. Дортмунд на домашен терен ќе го пречека Мајнц, додека Баерн ќе гостува во Келн.

Дортмунд само со победа може да обезбеди крај на десетгодишната доминација на Баерн во германскиот шампионат, додека во случај на друг расплет избраниците на Един Терзиќ ќе зависат од резултатот на натпреварот Келн-Баерн. Баерн, пак, мора да победи и во исто време да се надева на реми или пораз од Борусија.

Интересно ќе биде и во борбата за опстанок во која се Аугсбург, Штутгарт, Бохум и Шалке. Една од овие четири екипи ќе испадне во втората лига, а една ќе игра бараж за опстанок со третопласираната екипа од Цвајта.

Борба има и за четвртото место, кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Унион Берлин и Фрајбург моментално се изедначени на табелата со по 59 бодови, доколку остане така ќе решава гол разликата. Унион досега е подобар за четири гола.

И за крај, последното коло ќе решава и за шестата позиција, која обезбедува место во Конференциската лига. Леверкузен има 50 бода, еден повеќе од Волфсбург. Во последното коло Леверкузен гостува кај Бохум, кој се бори за опстанок, додека Волфсбург ќе ја пречека оптпишаната Херта.

Двојки од последното коло во Бундеслигата. Сите натпревари од последното коло во Бундеслигата се играат од 15:30 часот.

Келн – Баерн
Борусија Менхенгладбах – Аугсбург
Бохум – Баер Леверкузен
Борусија Дортмунд – Мајнц
Ајнтрахт Франкфурт – Фрајбург
РБ Лајпциг – Шалке
Штутгарт – Хофенхајм
Унион Берлин – Вердер Бремен
Волфсбург – Херта

Share
Scroll to Top