Џанлуиџи Буфон признава дека последните две сезони со Јувентус беа вистински тест за него, но смета дека го поминал брилијантно. 43-годишниот ветеран го крена трофејот од Копа Италија оваа недела и се подготвува за последниот меч со „бјанконерите“ откако потврди дека заминвуа на крајот на сезоната.
„Сигурен сум дека на Јувентус му дадов максимална професионалност, сериозност и постојаност. Мислам дека бев доверлив како личност. Последните две години, освен тоа што не бев во централна позиција, не беа лесни. На 43 години се чувствувам како маж и треба да се однесувам како маж, а не како момче. Имав прекрасни односи со сите во клубот и мислам дека тестот го поминав брилијантно“, вели Буфон, кој уште не потврдува дали ќе се пензионира по шпекулациите кои го поврзуваат со второлигашот Монца.