Гордон: Англија треба да престане да ја имитира Шпанија

Гордон: Англија треба да престане да ја имитира Шпанија

пред 9 часа

Дербито на првото коло од Лигата на нации во Дивизија А го играат двете најдобри европски репрезентации на последните две големи натпреварувања, Англија и Шпанија.

Англија и Шпанија во 2024 година играа во финалето на Европското првенство, додека на Мундијалот пред неколку месеци, Шпанија го освои турнирот, а Англија беше трета.

Можното финале на СП меѓу овие две селекции го спречи кукавичката тактика на селекторот на Англија, Томас Тухел, во полуфиналето против Аргентина.

Сè уште има свежи рани од поразот од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство, а стрелецот за Англија, Ентони Гордон, има интересен поглед на судирот против светските и европските шампиони.

„Никогаш не сум се чувствувал полошо од тогаш (поразот во полуфиналето од Аргентина). Но, тој страв што го чувствувавме тогаш не мора да биде само негативен. Тој може да нè води до победа на следните турнири“, рече Гордон.

Тој верува дека Англија мора да се врати на својата ДНК.

„Не можеме да ги гледаме другите репрезентации и да бидеме како нив. Треба да престанеме да ги имитираме Шпанците. Тоа едноставно не е наша ДНК. Јас сум во Шпанија и имаме играчи со ист квалитет, но тие имаат различни квалитети. Значи, не можеме да играме како нив. Но, тие исто така немаат некои работи што ги имаме ние“.

Англија и Шпанија играат во сабота на Вембли во Група 3, во која се и Хрватска и Чешка.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top