Два натпревари суспензија за Сари

Два натпревари суспензија за Сари

пред 3 години

Маурицио Сари н наредните два натпревари нема да седи на клупата на Лацио. Тренерот е казнет поради црвениот картон, кој го доби во неделата на „Сан Сиро“.

Милан го порази Лацио со 2:0, а тренерот Сари беше актер на еден инцидент по завршувањето на натпреварот. Темпераментниот Сари влезе во вербална расправија, најпрвин со судијата, а потоа и со Златан Ибрахимовиќ.

Сари е суспендиран на два натпревари, што значи дека нема да го води тимот против Каљари и Торино. На клупата ќе се врати за градското дерби со Рома, на 26.септември.

Share
Scroll to Top