Дурент сака да заборави на контроверзите со Нетс: Уште сум тука, нели?

Дурент сака да заборави на контроверзите со Нетс: Уште сум тука, нели?

пред 2 години

Ѕвездата на Бруклин нетс, Кевин Дурент вели дека да заборави на сите контроверзи од летото, во кои главна тема беше неговото барање за трејд и иднината со тимот.

„Дали можеме да одиме понатаму во еден момент? Знам дека приказната е интересна, знам дека драмата се продава, но јас не пропуштив натпревари, не пропуштив тренинзи, уште сум тука. Затоа мислам дека треба да тргнеме одново“, изјави Дурент.

Тој побара трејд во јуни, по што наводно побарал тренерот Стив Неш и генералниот менаџер Шон Маркс да бидат отпуштени. Во август, пак, го повлече барањето за трејд и сега вели дека верува во заедничка иднина. Неш, пак, оваа недела изјави дека не верува сто отсто во приказните кои се појавија во текот на летото.

„Многу од тие ср.ња беа невистинити, но не сакам да одам во детали сега. Немаме време, имаме сезона пред нас. Во секое семејство понекогаш си лут и го надминуваш тоа. Имаме добар тим и сакам да имаме добра епизода“, објаснува Дурент.

Share
Scroll to Top