Египќаните го отворија шампионатот со лесна победа над Чиле

Египќаните го отворија шампионатот со лесна победа над Чиле

пред 3 години

Египетската ракометна репрезентација имаше чест да го отвори 17. Светско првенство во ракомет, во лесна 35:29 победа над Чиле во натпреварите во групата Г, каде што утре Македонија ја пречекува Шведска во тешко отварање на турнирот.

Египет направи предност од седум гола уште во првото полувреме (18:11), по што рутински ја оствари првата победа на шампионатот.

Ел Дера со шест гола беше најдобар за Египќаните, пет додаде Сад, додека за Чиле најефикасен беше ракометарот на Адемар Леон, Ервин Феухтман со седум гола

СП ЕГИПЕТ 2021

ГРУПА Г

Египет – Чиле 35:29 (18:11)

Македонија – Шведска утре, 20.30 ч.

Табела: 1.Египет 2, 2.Македонија 0, 3.Шведска 0, 4.Чиле 0

Share
Scroll to Top