Карагер: Ако Клоп си замине од Ливерпул, ривалите ќе отвараат шампањско

Карагер: Ако Клоп си замине од Ливерпул, ривалите ќе отвараат шампањско

пред 4 години

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер, вели дека кај ривалите на Ливерпул ќе „тече шампањско“ доколку Јирген Клоп си замине од тренерското место по шпекулациите кои го поврзуваат со позицијата на германски селектор.

Клоп има договор со клубот од Мерсисајд до 2024 година, но драстичниот пад на формата (и расположението) оваа сезона поставија многу прашања околу неговата посветеност да остане и да направи пресврт и покрај неговите изјави дека „веќе има работа“. Карагер во колумна за „Дејли телеграф“ вели дека неговото заминување би било стратешка грешка.

„Како познат стратег, газдата Џон Хенри ќе се запраша: ‘Кој најмногу добива кога Клоп ќе замине од Ливерпул?’ Мислам дека ќе тече шампањско во бордовите на Манчестер сити, Челси, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Евертон, очекувајќи враќање на ерата пред Клоп, кога клубот поминуваше една од пет години во Лигата на шампионите. Тоа би било како заминувањето на Кени Далглиш во 1991 или Бил Шенкли во 1974 година“, вели Карагер.

Share
Scroll to Top