Белгискиот фудбалски репрезентативец Тимоти Кастањ (25) уште на првиот меч против Русија го заврши настапот на ЕУРО 2020. При победата на Белгија од 3-0 против Русите Кастањ се судри со рускиот фудбалер Кузјаев во 26-тата минута.
Кастањ доживеа двојна скршеница на очната јаболчница и ќе биде надвор од фудбалот во следните 8 недели.
Белгиецот веднаш отиде на операција која траела цели 6 часа. Да бил ударот 3 сантиметри понастрана кариерата ќе му била завршена, велат докторите во Белгија.
Утре Белгијците играат против Данска во второто коло откако денеска Русија со 1-0 ја совлада Финска.
4 тешки ситуации досега се забележани на ЕУРО 2020.
Секако, најтешката, срцевиот удар на Кристијан Ериксен, потоа денешната повреда на рбетот на Русинот Фернандез, лошито пад на Французинот Бенџамин Павар и секако – повредата на Кастањ.