Коле и покрај дебаклот во Манила ќе ја води Франција на ОИ

Коле и покрај дебаклот во Манила ќе ја води Франција на ОИ

пред 1 година

Кошаркарскиот сојуз на Франција реши да не му ја откаже довербата на селкторот Венсан Коле. Франција, доживеа дебакл на Светското првенство, наместо за медалите, Французите се бореа за пласман од 17. до 32. место.

Французите беа шокантно елиминирани веќе во групата по поразите од Канада и Летонија, а јавноста побара отказ на долгогодишниот селектор Винсент Коле.

И покрај тоа, Кошаркарскиот сојуз на Франција денеска соопшти дека Коле ќе продолжи да ја води репрезентацијата и тој ќе го води тимот на Олимписките игри во Париз следната година.

Коле е на чело на француската репрезентација од 2009 година, а за тоа време освои сребро на Олимписките игри во Токио 2021 година, две бронзи на Мундобаскетот во 2014 и 2019 година, а најголем успех на клупата на Французите е шампионска титула на Евробаскетот во 2013. година во Словенија.

Share
Scroll to Top