Лајпциг се зацврсти на второто место во Бундеслигата

Лајпциг се зацврсти на второто место во Бундеслигата

пред 4 години

РБ Лајпциг го искористи отсуството на Баерн Минхен (кои беа зафатени со освојување на светската клупска титула), за со 2:1 победа над Аугзбург да се доближат на четири поени од првото место во Бундеслигата.

Тимот на Јулијан Нагелсман дојде во водство во финишот на првото полувреме, откако прво Дани Олмо беше прецизен од пенал во 38. минута, за во 43. минута Кристијан Нкунку да зголеми на 2:0. Аугзбург само успеа да намали на 2:1 од пенал во 76. минута преку Даниел Калигури.

Лајпциг остануваат на второто место на табелата, сега со 44 поени, четири помалку од Баерн, но и дури шест пред третопласираниот Волфсбург. Аугзбург по три порази во низа се на 13. место со 22 поени, пет над зоната за испаѓање.

Share
Scroll to Top