Левандовски без партнерот во нападот – Милик го пропушта ЕУРО

Левандовски без партнерот во нападот – Милик го пропушта ЕУРО

пред 3 години

Лоши вести од таборот на фудбалската репрезентација на Полска на неколку дена пред почетокот на Европското првенство. Напаѓачот на Полјаците, Аркадиуш Милик нема да настапи на шампионатот затоа што не успеа да ја залечи повредата.

Милик во текот на кариерата има проблем со левото колено поради што пропушти и добар дел од сезоната во Франција со тимот на Олимпик Марсеј. Иако беше со репрезентативните колеги во кампот на Полска, сепак двонеделните медицински третмани не помогнаа, па португалскиот стручњак на клупата на Полска останува без врвен напаѓач.

Вчерашниот тренинг бил одлучувачки за тоа дали Милик ќе може да настапи на ЕП, но лекарите дале негативен резултат, па напаѓачот ќе го нема во нападот покрај голгетерот Роберт Левандовски.

Полска ќе настапува во групата Е со Шпанија, Шведска и Словачка.

Share
Scroll to Top