Левандовски брка уште еден рекорд на Герд Милер

Левандовски брка уште еден рекорд на Герд Милер

пред 3 години

Во второто бундеслигашко коло Баерн Минхен потешко од очекувањата со 3-2 стигна до првиот сезонски триумф против тимот на Келн.

Со погодокот на Роберт Левандовски во 50. минута стигнаа до 74-от првенствен натпревар во низа на кој постигнуваат најмалку по еден гол. Никогаш порано ниту еден германски тим не успеал да направи толку долга серија со барем 1 гол во противничката мрежа.

Освен тоа, неверојатниот полски голгетер брка уште еден рекорд на покојниот Герд Милер.

Левандовски треба да постигне најмалку по еден гол на следните два натпревари за да го помине Милер со најмалку еден постигнат погодок на меч.

Вчера Левандовски по 15-ти пат по ред дава барем еден гол во дресот на Баерн, а рекордот на Милер е 16 меча.

За потсетување, Левандовски минатата сезона сруши еден рекорд на легендарниот Германец. Милер сезоната 1971/72 постигна 40 гола во сезоната, а Левандовски минатата сезона ја заврши со 41 погодок.

Share
Scroll to Top