Македонските ракометари загубија од Романија во финалето на „Трофеј Карпати“

Македонските ракометари загубија од Романија во финалето на „Трофеј Карпати“

пред 11 месеци

Младинската македонска ракометна репрезентација го освои второто место на „Трофејот Карпати“ во Романија.

Во денешниот натпревар кој одлучуваше за трофејот на турнирот избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ загубија од домашната селекција со 36:32.

Калајџиески со десет погодоци беше најефикасен во нашата селекција, додека Узунчев постигна 8 гола.

Во првите две кола финалистите ги победија Саудиска Арабија и Словачка.

Share
Scroll to Top