Енди Мареј ќе го понесе својот поранешен тренер Дани Валверду на Ротердам опен, откако го отпушти Јан де Вит по неуспешниот настап на Австралија опен, каде што загуби во второто коло од Јапонецот Таро Даниел.
34-годишниот Мареј работеше со Венецуелецот Валверду од 2010 до 2014, кога ги освои САД опен во 2012 и Вимблдон во 2013, и призна дека знае дека нема уште могу време во тенисот и дека мора да ја најде желбата да се врати на рејтинг-листата.
„Кога знаеш дека немаш уште многу време е фрустрирачки. Потребно е да оддржам доволно високо ниво“, изјави Мареј.
Валверду ќе остане тренер и на Швајцарецот Стен Вавринка, кој се надева на враќање на тенисот по долгата пауза.