Легендарниот НБА кошаркар Мајкл Џордан е во Сплит, Хрватска.
Иако кариерата ја заврши пред цели 18 години, неговата популарност не се намалува, а и понатаму е еден од најбогатите спортисти во светот. „Форбс“ проценува дека неговото богатство „тежи“ 2,2 милијарди американски долари.
Тој во Сплит ќе престојува на јахта за чие изнајмување се плаќа по 1 милион евра неделно.
Тој со себе понел и 25 шишиња текила, секое од нив чини по околу 4.000 долари.
Не му пречеше да ги поздрави присутните туристи кои се собраа пред тој да се качи на јахтата за да го поздрават и да направат фотографија од еден од најголемите спортисти на сите времиња.