МЗТ го отпушти Барнет

МЗТ го отпушти Барнет

пред 4 години

Американецот Доминез Барнет повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако вчера беше официјализиран раскинот на договорот со овој кошаркар.

Играчот беше ангажиран со цел да донесе екстра-квалитет на тимот предводен од тренерот Ѓорѓи Кочов, со оглед на неговата биографија и одлични игри во силната ВТБ-лига, но тоа не се случи.

„Барнет во Скопје допатува максимално неподготвен, поради што не даде придонес каков што се очекуваше, ниту на тренинзите, а уште помалку на средбите на кои настапи“, стои во соопштението со кое клубот информира дека го раскинал договорот со Американецот.

Поради сето ова, МЗТ Скопје Аеродром ја искористи можноста од договорот за предвремен раскин на соработката и му се заблагодари на Барнет за досегашните услуги.

Извор/mztskopjeaerodrom.mk

Share
Scroll to Top