Томас Милер не постигна гол во убедливиот триумф на Баерн над Атлетико Мадрид (4:0), но сепак шпанските медиуми најмногу пишуваат за него по синоќешниот меч на двата тима во Лигата на шампионите.
По 20 минути игра Милер беше во дуел со Киран Трипие, направи прекршок, а судијата Мајкл Оливер го казни со жолт картон. Реакцијата на поранешниот германски репрезентативец беше жестока.
„Што е ова? Невозможно. Играме против најголемите хулигани во фудбалот, а ти мене ми даваш жолт за ова“. викал Милер.