Мојс и Гвардиола поделија по бод, Стерлинг слаб кај „чеканите“

Мојс и Гвардиола поделија по бод, Стерлинг слаб кај „чеканите“

пред 3 години

Манчестер Сити одигра само 1-1 на гостувањето кај Вест Хем во рамки на 6 коло од Премиерлигата.

Се чини менаџерот на „чеканите“, Дејвид Мојс имаше добра тактика против колегата Пеп Гвардиола. Сепак „граѓаните“ недостатокот на двата бода на контото треба да го бараат во лошата неубедлива игра во текот на сите 90 минути.

Домаќините поведоа со 1-0 во 18 минута со убавиот гол, преку себе на Антонио.

Сити без вистински шанси во текот на целиот меч, а се чини најиндиспониран во гостинската екипа беше Рахим Стерлинг.

Бодот за екипата од Манчестер е благоарение на добриот потег на Фоден во 51 минута на додавање на Кансело.

Со само 8 удари во рамките на двата гола, 6 упати Сити не можеше да се очекува повеќе. Манчестер е сега на 11-тата позиција со 5 бода помалку од лидерот Евертон.

Share
Scroll to Top