Скапите НБА ѕвезди како што се Дурент, Лилард, Адебајо, предводени од трофејниот стратег Грег Попович со наведнати глави го напуштија теренот во салата во Токио по првиот меч на кошаркарскиот олимписки турнир во Токио.
Франција одигра одличен натпревар и со 83-76 ја победи репрезентацијата на САД.
Французите стигнаа до првата победа во седмата пресметка против селекцијата на САД во својата историја, а од друга страна, за Американците денешниот е прв пораз на ОИ по оној во полуфиналето од Аргентина, на Олимпијадата во 2004 година
Првото полувреме помина во изедначена игра, а Французите со високи 25-11 го добија третиот период.
Џру Холидеј ги врати своите соиграчи во мечот во последната четвртина, но францускиот национален тим предводен од одличните Фурние со 28 поени и Гобер кој имаше 14 поени и девет скока не им остави простор за триумф.
Кај Франција добра партија имаше и Де Коло со 13 поени.
Кај САД најефикасен беше Холидеј со 18 поени, Адебајо постигна 12 со 10 скока, Лилард реализираше 11 поени, а Кевин Дурент имаше 10 поени, но целиот меч се мачеше со личните грешки.
Ова се два од можеби најважните моменти на мечот, кога се одлучуваше победникот:
EL momento del partido.
La acción defensiva de Nando de Colo, el esfuerzo de Yabusele y el triple de Fournier. pic.twitter.com/eqn0AnWPOl— Carlos Barrios (@BarriosWally) July 25, 2021
Team USA is going to lose its Olympic opener in men’s basketball to Rudy Gobert, Nando De Colo and France. Some terrible shooting from the Americans, who were 12-point favorites pre-game. pic.twitter.com/buVB2NetwY
— USSportsbonus (@ussportsbonus) July 25, 2021