Откако Ферстапен отвори 12 поени предност, во Мерцедес бараат смиреност

Откако Ферстапен отвори 12 поени предност, во Мерцедес бараат смиреност

пред 2 години

Шефот на Мерцедес, Тото Волф вели дека е потребно да се остане смирен откако амбициите на Луис Хамилтон за осма светска титула оваа сезона добија сериозен удар на Американското ГП.

Седумкратниот светски шампион имаше предност од 2 поени пред Ферстапен пред претпоследната трка во Турција на 10 октомври, а Холанѓанецот сега има 12 поени предност на пет трки пред крајот, а следните две трки, во Мексико и во Бразил би требало повеќе да одговараат на болидот на Ред бул.

„Мораме да бидеме внимателни во тимот и да не одиме од манија во депресија. Тие беа побрзи цел викенд, на сите видови гуми“, изјави Волф.

36-годишниот Хамилтон имаше пет победи на Патеката на Америките во Остин, Тексас, така што не загрижува само првата победа на Ферстапен во САД, туку и целосната контрола која ја имаше ривалот.

Иако за време на петочниот тренинг го нарече „глупав идиот“ и му покажа среден прст, 24-годишниот Ферстапен не покажа темперамент кој би му пречел во борбата и остана смирен кога Хамилтон го помина на стартот, знаејќи дека со тактика може до победата.

Хамилтон и Ферстапен имаат по две победи во Мексико Сити, каде што се вози следната трка.

Share
Scroll to Top