Поранешниот капитен на Аталанта, Алехандро Папу Гомез го комплетираше трансферот во Севилја, потпишувајќи договор со тимот на Хулен Лопетеги до јуни 2024 година, ставајќи крај на сагата со конфликтот со тренерот Џанпјеро Гасперини.
Според шпанските медиуми трансферот вреди 5.5 милиони евра плус бонуси кои можат да достигнат до 2.5 милиони фунти. 32-годишниот утрово ги заврши медицинските прегледи и сега Севилја го официјализираше трансферот.
Гомез си заминува од Аталанта со 59 гола и 71 асистенции во 252 мечеви, предводејќи ги „Ла деа“ до историската мината сезона кога стигнаа до четврт-финалето на Лигата на шампионите.
?️ Papu Gómez es nuevo jugador del #SevillaFC. ?? ⚪️ ?
¡Bienvenido a tu casa! ? ⚽️#WeareSevilla #NuncaTeRindas
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) January 26, 2021