По 30 години, повторно еден Алези зад воланот на Ферари

По 30 години, повторно еден Алези зад воланот на Ферари

пред 4 години

На патеката Фиорано имаше познато име во акција со болид на Ферари, откако Џулијано Алези тестираше со „коњчето“ 30 години откако неговиот славен татко, Жан Алези тестираше за првпат со Скудерија во јануари 1991 година.

21-годишниот син на поранешниот освојувач на една ГП трка, ја започна напорната недела тестирања на Фиорано, каде што во акција ќе бидат членовите на Возачката академија на Ферари (ФДА). Алези Јуниор се натпреваруваше во Ф2 шампионатот во 2019 и 2020, а ова му е прв тест на Формула 1 болид.

Попладнето тој беше заменет со уште еден почетник, Новозеланѓанецот Маркус Армстронг, кој е првиот од својата земја во Ферари по Крис Ејмон.

Share
Scroll to Top