Пјонтек: Ибрахимовиќ ме „избрка“ од Милан

Пјонтек: Ибрахимовиќ ме „избрка“ од Милан

пред 4 години

Полскиот напаѓач Кшиштоф Пјонтек открива дека си заминал од Милан поради конкуренцијата од Златан Ибрахимовиќ, бидејќи не можел да замисли да седи на клупа пет меча во низа.

Пјонтек во интервју за „Правда футболу“ вели дека е пресреќен во Бундеслигата во Херта Берлин, каде што ја врати голгетерската форма.

„Причината за моето заминување беше доаѓањето на Ибрахимовиќ. Не сакав да седам на клупа пет или шест натпревари во низа. Кога Ибра ќе стартува меч, тој излегува само кога е повреден. Кога дојде, во првите неколку натпревари не одиграв ниту минута. Ми дадоа шанса во Копа Италија, и дадов го и имав асистенција. Но, повторно бев на клупата. Можеби немав доволно трпение, но тоа беше одлуката која ја направив“, вели Пјонтек.

Share
Scroll to Top