Резервите на Атлетик ја урнаа Севилја

Резервите на Атлетик ја урнаа Севилја

пред 3 години

Фудбалерите на Атлетик Билбао ја совладаа Севилја со 2:1 (0:1), во седмото коло, во Ла Лига. Атлетик ја забележаа третата победа во седмиот меч од почетокот на сезоната, додека за Севилја ова беше третиот пораз во низа во шестиот меч.

Севилја го отвори резултатот со голот на Ел Несири во девттата минута, потоа играчите од Андалузија ја контролираа играта се до 76 минута, кога Атлетик стигнаа до израмнување. Стрелец беше Икер Муниаин, кој десетина минути претходно влезе во игра.

Големи три бода на Атлетик му донесе 20 годишниот Оихан Сансет. Младиот фудбалер влезе на теренот во 86 минута и 47 секунди подоцна, од првиот контакт со топката, го солада Бону. За Сансет ова беше деби-гол во дресот на Атлетик.

Share
Scroll to Top