Сензација во Хрватска – Динамо со домашен пораз ја започна новата сезона

Сензација во Хрватска – Динамо со домашен пораз ја започна новата сезона

пред 3 години

Новата сезона во Хрватска започна со сензационалниот пораз на шампионот Динамо Загреб. „Модрите“, на домашен терен, загубија 0:2 од Славен Белупо. Целиот натпревар за Динамо го одигра Стефан Ристовски, додека вториот македонски репрезентативец, Аријан Адеми, поразот на својот тим го гледаше од клупата за резерви.

Славен Белупо, со головите во второто полувреме, по пауза од 17 години успеа да го победи Динамо во Загреб.

Голаманот на Динамо, Ливаковиќ, во 51.минута направи катастрофална грешка и му овозможи на Крстановиќ да го постигне првиот гол.

Ристовски во 67.минута се обиде да изнуди пенал, судијата покажа на белата точка, но ВАР интервенираше и ја поништи одлуката на главниот судија.

Конечниот резултат го постави Богојевиќ во 85.минута.

Share
Scroll to Top