Тотенхем ги реши „волците“ – пласманот во ЛЕ е на дофат!

Тотенхем ги реши „волците“ – пласманот во ЛЕ е на дофат!

пред 3 години

Лондонски Тотенхем рутинирано со 2-0 попладнево славеше победа од 2-0 во мечот од 36 коло од Премиерлигата против тимот на Вулверхемптон.

Спарси до предност од 1-0 стигнаа во последните моменти од првиот дел благодарение на погодокот на Хари Кејн.

Точка на победата на „петлите“ против демотивираниот противник стави Хојбјерг во 62 минута од мечот.

Со денешните 3 бода Тотенхем на 2 кола до крајот е на шестата позиција која носи пласман во Лига Европа. Имаат ист број на бодови како и седмопласираниот Вест Хем, но „чеканите“ имаат полоша гол разлика.

Share
Scroll to Top