Тотенхем се засилува во соседството: Кудус кажал „да“

Тотенхем се засилува во соседството: Кудус кажал „да“

пред 6 часа

Тотенхем би можел во следните денови да го договори најголемиот трансфер ова лето — ангажманот на поранешниот фудбалер на Ајакс, а сега член на Вест Хем, Мохамед Кудус.

Ганскиот репрезентативец одигра две блескави сезони за „Чеканите“ и беше на радарот на неколку премиерлигашки клубови, но самиот Кудус сака само во Тотенхем.

Според британските медиуми, Спарс веќе постигнале договор со крилниот напаѓач околу личните услови. Кудус е импресиониран од проектот на Тотенхем – колку и да звучи чудно – и го гледа само новиот „Вајт Харт Лејн“ како следна дестинација.

Тој одбива разговори со други клубови, а сега останува само Тотенхем да се договори со Вест Хем за висината на отштетата, која нема да биде мала.

Share
Scroll to Top