Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, нема да вози на трката за Големата награда на Сахир. Британецот бил позитивен на вирусот Ковид-19. Се очекува неговиот тим Мерцедес, во најкус рок да објави кој ќе вози на патеката во Бахреин.
Хамилтон во неделата победи на трката за Големата награда на Бахреин. Поради коронавирусот, незивесен е неговиот настап и на последната трка во сезоната, Големата награда на Абу Даби.
Британецот ја обезбеди титулата за оваа сезона, тој има 131 поен повеќе од тимскиот колега Валтери Ботас.
Луис Хамилтон е третиот возач од почетокот на сезоната кој е заразен со коронавирусот, претходно заразени со вирусот беа Серхио Перез и Ленс Строл од Рејсинг Поинт. Перез поради вирусот не возеше во Силверстон, а Строл во Германија.