Хет-трик на Морено во Гранада

Хет-трик на Морено во Гранада

пред 4 години

Фудбалерите на Виљареал забележаа убедлива победа на „Лос Карменес“, во Гранада, во 30.коло. „Жолтата подморница“ ја победи Гранада со 3:0.

До петтата последовна победа во сите натпреварувања, трета во Ла Лила, Виљареал го предводеше Џерар Морено, кој постигна три гола, два од нив од белатат точка.

Морено стигна до бројката од 19 гола оваа сезона и сега е втор на најдобар стрелец во лигата.

ВАР му додели пенал на Виљареал во деветтата минута, сигурен реализатор беше Морено. Истиот играч ја зголеми предноста на својот тим во 18.минута, а точка на мечот стави повторно од пенал во 61.минута.

Гранада имаше можност да го ублажи поразот, меѓутоа ветеранот Хорхе Молина во 81.минута не успеа да реализиира пенал, неговиот удар заврши високо над голот.

Share
Scroll to Top