Јувентус ја забележа 12.победа оваа сезона во Серија А. Фудбалерите на „старата дама“, славеа со 2:0 против Удинезе.
Натпреварот во Торино, го решија Паоло Дибала и Венстон Мекени. Аргентинецот постигна гол во 19., а Американецот во 79.минута.
Јувентус со оваа победа се израмни на четвртото место со Аталната. Двата тима имаат по 41 бод, но Јувентус има одиграно два натпревари повеќе од Аталанта.