Јута Џез падна пред Стеф Кари

Јута Џез падна пред Стеф Кари

пред 3 години

Голден стејт Вориорс забележаа победа против најдобриот тим во лигата, Јута Џез. Вориорс славеа со 119:116, а Кари ги постигна последните пет поени на натпреварот.

Најдобриот шутер во историјата на НБА лигата, при резултат 114:116, на 14 секунди до крајот постигна тројка, а откако Џордан Кларкосн не реализираше за два поени, Кари од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат.

Кари натпреварот го заврши со 36 поени, погоди три тројки од 13 обиди. Стеф имаше голема помош од соиграчите, Џордан Пул постигна 20, Кент Бејзмор 19, Дрејмонд Грин 12 поени, шест скока и 10 асистенции.

Јута ја предводеа Кларксон со 41 и Бојан Богдановиќ со 27 поени.

Резултати:

Атланта-Вашинготн 125:124
Кливленд-Индијана 102:111
Мемфис-Њу Орлеанс 115:110
Сан Антонио-Милвоки 146:125.



Share
Scroll to Top