Граѓаните на украинскиот пристанишен град Одеса се подготвуваат за напад на руската армија, пишуваат светските медиуми.
Жителите напорно работат на поставување барикади со вреќи со песок. Го собираат по плажите и со него полнат вреќи.
„Тоа е за војската. Сакаме да ги заштитиме нашите војници, нашиот град. Наша задача е да бидеме мирни и да наполниме вреќи со песок. Тоа беше мотото на Англичаните за време на Втората светска војна кога Хитлер ја нападна Британија. Тоа е она што го правиме сега“, изјави еден граѓанин на Одеса, а пренесува ДВ.
The Ukrainian port city of Odesa is bracing for a Russian siege.
Residents say they are “keeping calm and digging” as they fill up sandbags on the beach to be used as barricades. pic.twitter.com/6HaGikumoJ
— DW News (@dwnews) March 14, 2022
Градоначалникот на овој пристанишен град изјави дека руските сили наскоро би можеле да ја опколат Одеса од три страни. Жителите трупаат вреќи во височина од неколку метри за да служат како барикади или со нив да ги заштитат спомениците на културата.
Имено, вреќи со песок можат ефикасно да ги сопрат куршумите и да заштитат од шрапнели, сметаат тие.