Во рускиот напад на Запорожје утрово најмалку две лица се ранети, а приватни куќи се уништени, соопшти Иван Федоров, началникот на Воениот округ во Запорожје.
„Засега се познати две жртви. Лекарите им помагаат. Подетаљни информации ќе бидат доставени подоцна“, рекол Федоров на „Телеграм“, пренесува „Укринформ“.
Агенцијата наведува дека околу 6 часот утринава силни експлозии одекнале во Запорожје.
Текстот Во рускиот напад на Запорожје најмалку две лица ранети, уништени куќи е превземен од МАКФАКС.






