Кремљ не сака ЕУ да биде на преговарачката маса за Украина

Кремљ не сака ЕУ да биде на преговарачката маса за Украина

пред 2 часа

Москва не гледа никаква конкретна корист од вклучувањето на Европската Унија во разговорите во Абу Даби, и покрај тоа што европските лидери инсистираат на таков четиристрански формат. Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој, исто така, потврди дека рускиот претседател Владимир Путин не доставил никакви документи со предлози за решение на ситуацијата во Украина или за безбедносни гаранции до американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Шји Џјинпинг на состанокот во Шенжен.

Песков го објасни ставот на Русија за желбата на европските претставници да се приклучат на преговорите. „Постојат различни позиции. Европејците, како што знаете, инсистираат на четиристран формат. Сè уште не разбираме целосно каква додадена вредност би донело учеството на Европејците и каков дополнителен придонес би дало во мировните напори“, рече тој.

Датумите за следната рунда трилатерални разговори во Абу Даби сè уште не се одредени. Песков, сепак, потврди дека имало согласност дека разговорите треба да продолжат.

На прашањето дали документи со руски предлози се доставени во Шенжен, Песков одговори: „Овој пат не“. Тој исто така потврди дека Путин веќе ги разгледал резултатите од разговорите со лидерите на Кина и САД со постојаните членки на Рускиот совет за безбедност.

Портпаролот на Кремљ објави дека Путин ќе учествува на овогодишната конференција „AI Journey“. „Претседателот учествува секоја година, и ова не е исклучок. Овој пат тоа ќе биде уште поинтересен настан“, рече Песков.

Текстот Кремљ не сака ЕУ да биде на преговарачката маса за Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top