Кремљ откри детали за разговорот меѓу Путин и Бајден

пред 4 години

Москва смета дека е прерано да се зборува за деталите од можната средба на самитот меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Рано е да се зборува за какви било детали од оваа средба. Ова е нов предлог и ќе се изучува и анализира“, рече Песков, одговарајќи на прашањето на новинарите за местото и времето на самитот на двајцата претседатели, јави ТАСС.

Би било важно за Москва да се разговара за руско-американските односи ако претседателите на двете земји одржат состанок, додаде Песков.

Путин и Бајден не разговараа за случајот со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални за време на вчерашниот телефонски разговор, изјави портпаролот на Кремљ.

„Не, прашањето за Навални не е покренато“, рече Песков, зборувајќи за вчерашниот телефонски разговор меѓу двајцата претседатели.

Според него, тонот на телефонскиот разговор меѓу Путин и Бајден бил деловен, а самиот разговор траел доста долго.

Тој додаде дека е долг списокот на теми што биле допрени, што е јасен знак дека разговорот бил доволно долг.

Share
Scroll to Top