Лаен: Ќе издвоиме 300 милијарди евра за да ја прекинеме зависноста од рускиот гас

пред 2 години

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен вели дека на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел е договорено да се поддржи енергетската транзиција во ЕУ-27 со 300 милијарди евра од европските фондови.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Таа наведува дека ослободувањето на ЕУ од зависноста од рускиот гас се заснова на изнаоѓање други извори, подобро меѓусебно поврзување на гасоводи низ ЕУ и стратешко складирање, како и големи инвестиции во обновливи извори.

„Имаме добри вести. Во моментов нашите резерви на гас се на 45 отсто од вкупниот капацитет, што е за 5 отсто повеќе отколку што имавме минатата година во исто време“, рече Лаен, пренесе Танјуг.

Share
Scroll to Top