Грција ги поддржува санкциите на Европската унија против Русија поради нападот врз Украина, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, додавајќи дека Атина е подготвена да прими украински бегалци.
„Грција отсекогаш била на вистинската страна на историјата и тоа го правиме и денес. „Ние припаѓаме на Западот, на слободата и демократијата“, рече Мицотакис во обраќањето пред парламентот, пренесува Ројтерс.
Мицотакис рече дека „Грција нема дилема“ и дека е „на страната на Украина, слободата и демократијата“.