НАТО: Испративме 40.000 војници во Источна Европа

пред 2 години

Лидерите на НАТО се согласија да ја зајакнат одбраната во Источна Европа како одговор на руската инвазија на Украина.

„Ги активиравме одбранбените планови на НАТО и ги активиравме елементите на силите за одговор на НАТО и распоредивме 40.000 војници во источниот дел на НАТО“, се вели во заедничката изјава на лидерите на Алијансата по самитот во Брисел.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно изјави дека четири нови борбени групи ќе бидат испратени во Словачка, Унгарија, Бугарија и Романија.
Тој најави зајакнување на копнената армија во Источна Европа, повеќе авиони, но и поголем број бродови и подморници. Членките на НАТО ќе учествуваат во повеќе воени вежби, рече тој.

„Руската инвазија е најголемата безбедносна закана со која се соочи оваа генерација. Народот на Украина покажа храброст и решителност во борбата за својата слобода и иднина. Ние стоиме покрај нив“, рече Јенс Столтенберг.

Share
Scroll to Top