Новиот вид на коронавирус забележан и во Германија

пред 6 месеци

Новиот вид на коронавирус, кој рапидно се шири во Велика Британија, е регистриран и во Германија, објави Министерството за здравство на германската провинција Баден-Виртемберг.

Во соопштението објавено на „Твитер“ се вели дека едно лице на кое му е дијагностициран нов вид на коронавирус, патувал со авион од Велика Британија во Франкфурт во неделата на 20 декември, во посета на роднини.

По пристигнувањето, лицето било тестирано позитивно на новиот вид на вирус и е во самоизолација, откако членовите на семејството дошле да го земат со автомобил на аеродромот.

Бројни земји ги забранија влезните летови од Велика Британија, откако минатата недела во таа земја беше регистриран нов вид на коронавирус.

Share

AnimeHeaven arifureta anime heaven: Naruto: Shippuden Episode 500

KissAnime kissanime taken down: Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. Episode 2

Scroll to Top