Одржан концерт на Бадник во Нотр Дам

пред 6 месеци

Во париската катедрала Нотр Дам се одржа хорски концерт за Бадник, кој традиционално се одржува секоја година во Франција. Тоа е прв концерт по пожарот во кој таа беше речиси уништена. Концертот беше снимен во катедралата порано во текот на месецот, а беше емитуван на француската телевизија синоќа нешто пред полноќ, пренесува „Ројтерс“.

Членовите на хорот носеа заштитни кациги и костими, со оглед на фактот дека катедралата сè уште е во фаза на реконструкција, а немаше публика.

Хорот изведуваше класични дела од Моцарт и Шуберт, како и нешто „полесен“ репертоар, вклучително и „Džingl bels“.

„Беше многу трогателно, првпат бевме сите во Нотр Дам од пожарот, па моментот беше многу емотивен“, изјави виолончелистот Готје Каписон во интервју за телевизијата Франсинфо.

Катедралата, изградена во 13 век во април 2019 година, беше зафатена со оган, што ги уништи покривот и кулата.

Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека катедралата ќе се реконструира во рок од пет години, но досега најголемиот дел од работата беше насочен кон подобрување на безбедноста во зградата, вклучително и расчистување на токсичното олово од покривот и кулата кои се стопија во огнот.

Познатата туристичка атракција беше затворена за јавноста, а одржувањето на миси беше откажано.

Во април годинава, седум лица добија дозвола да присуствуваат на церемонијата што се одржа на Велики петок.

Share

AnimeDao animedao god of highschool: Fairy Tail (https://animedao.nl/m/QXe) Episode 175

AnimeTV animetv jp: Redo of Healer Episode 12

Scroll to Top