Повеќе од половина милион Италијанци во домашна изолација

пред 4 години

Повеќе од 14 илјади нови инфекции со коронавирус и 616 починати – е билтенот за епидемиолошката состојба во Италија во последните 24 часа, пренесува агенцијата Анса.

Поради инфекцијата со коронавирус, повеќе од половина милион Италијанци се наоѓаат во домашна изолација, а хоспитализирани се 23.000 пациенти, плус 2.636 лица на одделите за интензивна нега.

„Бројот на ковид-пациенти во болниците е скоро еднаков на бројот што го имавме во март, сега сме подобро организирани, па сепак во вториот бран на пандемијата, Италија бележи нови 43.000 жртви“, предупредува професорот Масимо Гали, примариус на одделот за инфективни болести во Милано.

Професорот Гали, заедно со други експерти, бара од властите да ги заострат мерките против коронавирус, но според италијанскиот печат, претседателите на одредени региони се спротивставуваат на засилување на епидемиолошките мерки во нивните региони.

Денеска министерот за здравство, Роберето Сперанца, во парламентот ќе претстави пакет нови мерки против ковид, кои треба да стапат во сила ноќта од петок до четврток, кога истекува одлуката на владата, која сега е на сила.

Членовите на научно-техничкиот комитет, владино тело што следи, анализира и врз основа на податоците предлага епидемиолошки мерки, советуваат вонредната состојба да се продолжи до 31 јули, сегашната истекува на крајот на јануари.

Share
Scroll to Top