Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница

Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница

пред 7 месеци

37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.

Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.

Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.

Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.

Текстот Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top