Претседателот на Казахстан ги повика граѓаните на мир и најави пониски цени на бензинот

пред 5 години

Претседателот на Казахстан, Касим Јомарт Токаев ги повика насобраните граѓани на протестите да не ги следат повиците на „деструктивните поединци“, кои се обидуваат да го нарушат единството на општеството и најави дека владата ќе ја намали цената на течните нафтен гас (ТНГ).

„Ги повикувам демонстрантите да не ги следат повиците на деструктивните луѓе кои се заинтересирани да ја нарушат стабилноста и единството на нашето општество. „Другите барања кои се од социо-економска природа ќе бидат разгледани посебно, на утрешната работна средба во главниот град“, напиша денеска Токаев на својот Твитер профил, пренесува ТАСС.

Претседателот потсети и дека владината комисија најави дека цената на течниот гас ќе се намали на 0,11 долари за литар, што беше барање на демонстрантите.

Share
Scroll to Top