Руската амбасада демантира дека е суспендиран договорот за поморската база во Судан

пред 6 месеци

Извештаите за суспендирање на договорот меѓу Судан и Русија за создавање поморска база во африканската република немаат никаква врска со реалноста, соопшти Руската амбасада во Судан,  пренесува ТАСС.

„Во врска со извештаите што се појавија во регионалниот и суданскиот медиумски простор за наводно суспендирање на договорот меѓу Русија и Република Судан за создавање логистички центар за руската морнарица на територијата на Република Судан, Амбасадата нагласува дека овие изјави не одговараат на реалноста, без оглед на т.н. извори. Руската амбасада во Картум не добила никакви известувања од суданската страна “, се вели во соопштението.

Вчера, „Ал Арабија“ објави, повикувајќи се на свои извори, дека Судан го сусепендирал договорот потпишан со Русија за изградба на поморска база во земјата. Според ТВ-каналот, договорот „потпишан од Москва со претходниот режим“ е суспендиран „сè додека не биде одобрен од законодавниот дом“. Картум веќе ја известил Москва.

На почетокот на декември 2020 година беше објавено дека Русија и Судан склучиле договорот за изградба на центар за поморска логистичка поддршка и одржување во африканската земја. Воената логистичка база е дизајнирана за извршување поправки, надополнување на залихите и за одмор на членовите на екипажот на руските поморски бродови.

Судан ќе ѝ ги предаде на Русија бесплатно за целиот период на траење на договорот територијата и недвижниот имот што ја сочинува крајбрежната зона и водната област со пристаништето. Воениот и цивилниот персонал не треба да надминува 300 лица и може да се зголеми по договор со Судан, предвидува документот.

Договорот ќе важи за 25 години со автоматско продолжување за 10 години ако ниту една страна не ја извести другата страна писмено, преку дипломатски канали, не помалку од 12 месеци пред истекот на соодветниот период, за намерата да го раскине.

Share

ANIMEFLIX: Shouwa Monogatari (Movie) anime episode Full online free at https://animeflix.nl animeflix initial d

Watch Ikkitousen: Great Guardians (Dub) Episode 12

2005-nen Uchuu no Tabi (https://animefreak.ws/m/av2o) Episode Full

Website https://gogoanime.be: Watch Gourmet Girl Graffiti gogoanime Episode 12 gogoanime my hero

Gogoanimelol xtgem: http://gogoanimelol.xtgem.com/

Forum fastcap: https://forum.fastcap.com/profile/animefreakws/

Scroll to Top